јули 7, 2017

Моето срце во сите бои

Во насока на психосоцијална поддршка на деца со вродени срцеви аномалии, Црвен крст на град Скопје и Специјализирана болница по хирушки болести Жан Митрев во Струга во центарот Солферино седма година по ред го реализираат летниот камп “Моето срце во сите бои”. 
На истиот се подготвија активности наменети за социјализација и дружење со децата како: утринска гимнастика , можност секој да го покаже својот талент, караоке забави, запознавање со Прва помош и вежби на вода кои волонтерите од Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Охрид ги подготвија како и вежби за правилно дишење реализирани со физиотерапевт. Се организираше и еднодневна екскурзија за целата група во Охрид. Паралелно за родителите се организираат едукативни работилници со лекари и психолози од болницата посветени на ВСА и нивното влијание врз натамошниот раст и развој на децата.

< врати се назад