октомври 9, 2017

Мрдни со прст и разубави го просторот за играње

На 08.10.2017 г, Црвен крст на РМ – Општинска организација Центар преку иницијативата Мрдни со прст организираше акција за подигнување на свеста за чување на околината во која живееме. Во склоп на истата акција, викендот, локалното население заедно со волонтерите на Црвениот крст го искречија ѕидот на игралиштето, нацртаа едукативни графити, го исчистија просторот кај игралиштето и поставија клупи за седење и дружба на жителите од Стара Топаана. Покрај тоа на самиот настан присуствуваа и јавни личности, диџеј Гоце Саф и Марко Новевски, кои ги мотивираа волонтерите и локалните жители да се вклучат во акцијата.

Во наредниот период Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Центар продолжува со работа во маалото Стара Топаана на ул. Самоилова преку програмата Заеднички развој на заедницата, преку која ќе се потрудиме да ги подобриме условите во старата скопска населба.

< врати се назад