април 26, 2017

Недела на хигиенизација

Со цел одбележување на „Недела на хигиенизација“ на Црвениот крст на Република Македонија од 08 до 15 април и промоција на хигиената и зошто е важна, волонтерите на Клубот на млади на Општинска организација Центар одржаа 10 едукации во две основни училишта на територијата на Општина Центар. На едукациите присуствуваа 210 ученици од I и II одделение во ООУ „Димитар Миладинов“ и ООУ „Гоце Делчев“, а интересот за ваков вид на едукации константно е голем. Одговорните наставници за Црвен крст во училиштата навремено ги следат традиционалните активности на Црвениот крст на Република Македонија и кај нив постои голема заинтересираност за спроведување на алатката на врснички едукации на најразлични теми кои значат превенција на здравјето на младата популација.

 

< врати се назад