февруари 15, 2018

Нов живот за мене

Сашо С. е роден 1976 година и е дете без родители кој поголем дел од својот живот го поминал во згрижувачко семејство и во Домот за деца и младинци. Привремено надлежните институции го сместила во с. Кондово, но во 2003 година заради немање на соодветни услови за живот Сашо заминува и бара привремени живеалишта во Скопје. Во текот на целиот негов пат поддршка имал од Црвениот крст, но вели дека е тешко и дека треба поголема поддршка од институциите во државата. Денес тој е продавач на списанието „Лице в Лице“, а Црвен крст на град Скопје му дава финансиска поддршка за кирија за просторот во кој живее. „Поубаво ми е кога работам“- вели Сашо, – „се чувствувам корисен и запознавам луѓе. Би бил многу среќен кога би добил социјален стан и верувам дека тогаш би почнал нов живот за мене“. 
Сашо е еден од многуте корисници на кои Црвениот крст им дава поддршка за целосна интеграција во општеството.

 

< врати се назад