април 23, 2018

Обука на дисеминатори

Во период од 20-22.04.2018, во центарот за кадри и рекреации “Солферино” во Струга беше спроведен семинар за обука на нови дисеминатори – волонтери од општинските организации на Црвен крст на Република Македонија. Обуката се спроведе со поддршка на Меѓународен Комитет на Црвен крст.

На обуката учествуваа 20 волонтери од 15 општински организации на Црвен крст: ООЦК Чаир, ООЦК Кисела Вода, ООЦК Карпош, ООЦК Гази Баба, ООЦК Центар, ООЦК Струмица, ООЦК Прилеп, ООЦК Охрид, ООЦК Куманово, ООЦК Неготино, ООЦК Кичево, ООЦК Битола, ООЦК Кавадарци, ООЦК Велес, ООЦК Гостивар. Семинарот го спроведе тим на фасилитатори од Централната канцеларија на Црвен крст на Република Македонија. Обуката се реализираше  преку презентации, дискусии, работа во групи, вежби.

Обуката беше спроведена со разработка на повеќе тематски содржини: Првиот работен ден се дискутираа зачетоците и основањето на Движењето на Црвен крст и Црвена полумесечина и улогата, структурата и основните принципи на Движењето.

Во текот на вториот ден од обуката беше насечена на амблемите на Движењето, основите на меѓународно хуманитарно право, и поединечно презентирање на мандатот и улогите на компонентите на Движењето, односно Меѓународен Комитет на Црвен крст, националните друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина, и Меѓународна Федерација на друштва на Црвен крст и Црвена. Сите презентации по тематските содржини беа пропратени со соодветни вежби и групни активности. Посебен акцент беше ставен на програмите на Црвениот крст на Република Македонија, и истакнување на клучни активности кои се реализираат во општинските организации на Црвен крст.

Во рамки на третиот ден од спроведувањето на работилницата присуствуваше и ПХВ координатор од Црвен крст на град Скопје, при што на учесниците им го претстави моделот за дисеминација со млади и дисеминацискиот концепт кој се користи во рамки на програмата на ЦКА-ПХВ – модел за дисеминација на млади. Во текот на третиот ден од обуката – новите дисеминатори, добија модел презентации кои може да ги користат за дисеминациска работа на терен, како и други информативни и видео содржини кои треба да ги користат во претстојниот период. Секој од дисеминаторите доби сертификат за успешно завршена дисеминациска обука. Дисеминаторите добија задача да реализираат три обуки до крајот на месец јуни за соодветни целни групи во своите локални средини.

Тимот одговорен за организација на работилницата во претстојниот период ќе направи план за реализација на втора обука за дисеминација за општинските организации на Црвен крст кои не беа опфатени со првата обука.

< врати се назад