март 18, 2019

Oбукa за личен асистент

Црвен крст на град Скопје Ве информира дека Агенцијата за вработување на РМ ги повикува сите евидентирани невработени лица на возраст од 18 до 64 години кои се заинтересирани за учество на обуки за личен асистент на лица со попреченост, да се пријават во Агенцијата најдоцна до 20.03.2019 година.

Обуката ќе се реализираа во период од 2 месеца, и доколку учесниците успешно го положат завршниот испит ќе се стекнат со сертификат.
Лицата вклучени во обуките ќе добијат месечен надомест од 9.000,00 денари за време на обуката, а по завршувањето на обуката асистентите ќе бидат ангажирани, односно поврзани со лицата со попреченост со нивна можност за вработување.

Сертифицираната програмата за личен асистент на лица со попреченост ја разви Црвениот крст на РМ, а истата има за цел да им помогне на лицата со попреченост да постигнат поголема независност и целосно да ги исполнат своите права.

За повеќе информации 078/293-290 Александра

< врати се назад