октомври 5, 2018

Одбележана ЦКА- ПХВ неделата

Волонтерите од клуб на млади при Црвен крст на град Скопје на малата сцена во МНТ ја одбележаа ПХВ неделата. Преку мала претстава подготвена од актерката и режисер Снежана Конеска Руси, волонтерите од клуб на млади пред присутните ја претставија ПХВ програмата,  начинот како младите ги изработуваат проектите и собираат финансиски средства за помош на целните групи, но ја промовираа и културата, мирот, толеранцијата и соживот во нашата држава што е и цел на ПХВ неделата.

Исто така своите  позитивни, мотивирачки приказни ги раскажаа и академик Д-р Жан Митрев и д-р Саит Саити, генерален секретар на Црвен крст на Република Македонија, кои освен тоа што се добри во својата работа , работат и во името на хуманоста и општествената одговорност.

Програмата ја збогати и балетското студио Еурека во чија точка беа вклучени и лица со церебрална парализа,  со кои Црвен крст на град Скопје има долгогодишна соработка. На  младинците  кои оваа година изработија мали, но големи ЦКА ПХВ проекти им беа доделени благодарници за својата хуманост,посветеност и желба да променат нешто во својот, но и во животот на оние на кои поддршката им е најпотребна.

< врати се назад