март 24, 2017

Одбележување на Светски ден на туберкулоза-24ти Март

Светскиот ден за борба против туберкулозата (ТБ) се организира секоја година на 24-ти март и има за цел да ја подигне јавната свест за туберкулозата. Ова е можност секој поединец, да се придружи кон борбата против ТБ, како и да се разменат информации за туберкулозата и да се поттикнат носителите на одлуки да превземат соодветни активности во насока на глобалните развојни цели за ставање крај на ова заболување до 2030 година.

Во 2017, Светскиот ден за борба против ТБ, под мотото Со здружени сили да и ставиме крај на туберкулозата! -ги насочува активностите кон едуцирање на општата популација, со цел да се  надмине гапот во однос на знаењето и свесноста за туберкулозата. Активностите оваа година беа насочени кон дисеминирање на важните и често погрешно разбрани факти за ТБ, кои се причина луѓето да не бараат третман, или истите да се бариера во напорите за намалување на стигматизацијата на луѓето кои се инфектирани и погодени од ова заболување. Надминувањето на митовите и недоразбирањата е важно за да се подобри информираноста, едукацијата и комуникацијата. 

За оваа цел, со подршка на Министерство за здравство на РМ, во рамки на проектот ДОТС интервеции во РМ, финансиски поддржан од Глобалниот фонд за борба против ХИВ/СИДА, туберкулоза  во град Скопје волонтерите на Црвениот крст делеа информативни едукативни флаери, а имаше и штанд на кој секој случаен минувач имаше можност да го провери своето знаење и да одговори на квиз прашања поврзани со туберколозата, за кое беа наградени со пригодни подароци. Во низа други градови низ државата беа реализирани работилници за подигнување на информираноста и едукацијата со различни целни групи, со кое Црвениот крст на РМ даде придонес во националните напори за контрола на ова заболување.

< врати се назад