септември 9, 2016

Одбележување на Светскиот ден на првата помош- 10 Септември 2016 година

10 Септември (Сабота) е  Светскиот Ден за Прва помош,  ден за промовирање на знаењата и вештините за првата помош низ целиот свет, за придонес во промените за проширување, подобрување на обуките за првата помош низ целиот свет како хуманитарен чин и клучна компонента за еден  посовремен и поширок пристап.  Тоа е прилика да се допре до пошироката јавност и да се обидеме да го промениме начинот на кој размислуваат за првата помош.

Оваа година главната тема е Првата помош за и од децата . Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина гледа на децата како провајдери на прва помош и препознаваат дека истите сочинуваат голем процент од популацијата која добива прва помош во случај на ургентност.

Децата се значаен дел од заедницата која има способност да бидат инволвирани во спасување на животи на своите врсници или членови на семејството.

Светскиот ден на првата помош 2016 година затоа ќе се фокусира на децата кои имаат бенефит од првата помош и можат да дадат прва помош на нивните врсници, семејства и заедници како што растат. Овој ден ќе има за цел да се прошири знаењето за прва помош на поширока публика и да се потенцира важноста да се биде подготвен и опремен за да се спаси детскиот живот кога некоја незгода или итна состојба се појави.

< врати се назад