јули 8, 2019

Одржан национален камп за млади „100% Црвен крст“, 29.06-05.07.2019, Велестово, Охрид

Во периодот од 29 јуни до 5 јули, во Велестово, Охрид, се одржа национален камп за млади волонтери од Општинските организации на Црвен крст на РМ, на кој што присуствуваа вкупно 65 учесници. Кампот имаше за цел да ги обучи новите лидери на Клубовите на млади како да ги водат волонтерите во нивните клубови и како да организираат и реализираат активности во нивната заедница. Беа опфатени повеќе теми кои постепено се обработуваа во 2 различни групи, меѓу кои едната работеше генерално за Клубовите на млади, додека другата поспецифично се задржа на формата на работа во училишните клубови. При тоа и двете групи се задржаа на темите Заедниците и ООЦК, Мобилизирање на заедница, Волонтирање, Ранливо население, Грижа за волонтери, Раководење и функционирање на клубови на млади/училишни клубови, Активности на клубови на млади/училишни клубови и што претставуваат младите во ЦК, Покрај тоа на сите Клубови им беше посветено посебно време и внимание за да ја евалуираат работата на својот клуб, да ги сумираат информациите од кампот и како истите да ги применат во нивниот клуб, при што на крајот добија задача да реализираат одредени активности во наредните 5 месеци, увидени како потреба во нивната ООЦК.

< врати се назад