ноември 5, 2019

Дисеминациска сесија во касарна Јане Сандански во Штип

На 04,11,2019 година одржана е дисеминациска сесија во касарната „Јане Сандански“ во Штип на која присуствуваа вкупно 25 лица. Покрај одржаната презентација од претставниците на Црвен крст на РСМ, беше проектирано и видеото „Правила на војна“ кое ги истакнува основните елементи на Меѓународното хуманитарно право и улогата на Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина за време на вооружени судири. Од страна на учесниците дополнителни прашања за работата на Црвениот крст на Република Македонија се поставија за активностите за време на мигрантската криза како и за начинот на финансирање на Националното друштво.

< врати се назад