август 21, 2017

Одржана работилница за Заедничка брза проценка, во рамки на проектот Заеднички развој на заедницата

Проектот “Заеднички развој на заедницата“ (ЗРЗ), претставува метод на работа кој придонесува подобро да се разбере ранливоста, помага да се идентификуваат локалните капацитети, како и можност да се изгради партнерство со ранливите лица, владините институции, локалните власти, невладините организации, бизнис заедницата, со цел да се подобри животот на ранливото население. Преку примена на ЗРЗ им се дава можност на ранливото население да одлучат како да си ги решат своите проблеми во заедницата.

Со поддршка на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина ЗРЗ проектот оваа година се имплементира преку две општински организации на Црвен крст Неготино и Центар.

Во рамките на ЗРЗ циклусот од 18 до 20 август 2017 година во Неготино, Црвениот крст на РМ во соработка со Црвен крст на Република Македонија- Општинска организација Неготино одржа тридневна работилница за обука на членовите на тимот за заедничка брза проценка. Согласно насоките формиран е тим од претставници на Општинската организација на Црвениот крст на Неготино, владини институции, локалната самоуправа, граѓански сектор и претставници од ранливата заедница. Вкупно 14 членови на тимот проследија обука за заедничка брза проценка на ранливоста во заедницата Криволак, каде ќе се имплементира ЗРЗ проектот.  Целта на работилницата беше членовите на ЗРЗ тимот да добијат соодветни знаења и вештини за да се спроведе заедничка брза проценка на потребите на ранливото население во заедницата. Работилницата понуди сет на техники и инструменти кои претставуваат алатки за собирање и анализирање на податоци при спроведување на заедничката брза проценка на потреби на  населението во ранливата заедница.

Од направената евалуација на работилницата, учесниците искажаа задоволство од едукацијата, подготвеност за работа на терен и интерес овој метод да се примени не само во определената заедница, туку да продолжи да се развива и во други заедници во општината.

< врати се назад