јули 20, 2017

Одржана вонредна крводарителска акција со припадници на АРМ

На 19 јули 2017 година во Домот на АРМ во Скопје беше одржана вонредната крводарителска акција со припадници на АРМ по повод 25 години АРМ.

Крводарителската акција беше организирана од страна на Црвениот крст на Република Македонија, секцијата за цивилно-воена соработка на Генералштабот на АРМ и Институтот за трансфузиона медицина.  Одзивот беше голем и на оваа вонредна крводарителска акција крв даруваа 200 припадници на АРМ од Скопскиот гарнизон.

За време на крводарителската акција имаше и свечен дел на кој беа доделени јубилејни признанија на повеќекратни крводарители од редовите на припадниците на АРМ. Јубилејните признанија ги доделија министерката за одбрана г-ѓа Радмила Шеќеринска, началникот на Генералштабот на АРМ г-дин Методија Величковски, генералниот секретар на Црвен крст на Република Македонија г-дин Саит Саити и директорката на Институтот за трансфузиона медицина г-ѓа Емилија Велкова.

< врати се назад