јуни 12, 2017

Одржани избори кај младите на Црвениот крст на Република Македонија

На 05.06.2017 година се одржа Конститутивно – изборниот состанок на Советот на млади на Црвен крст на Република Македонија за избор на новото раководство на младите на Црвен крст на Република Македонија за мандатниот период 2017-2019 година.  На изборниот состанок присуствуваа 25 претставници од клубовите на млади при општинските организации и Црвен крст на град Скопје. За претстојниот двегодишен мандатен период за Претседател на Советот на млади едногласно е избрана Аленка Шопова од Oпштинска организација  Центар додека за Потпретседател на Советот на млади е избрана Самије Ибиши од Гостивар. Покрај Претседателот и Потпретседателот за членови на Координативното тело на млади на Црвен крст на Република Македонија се избрани и Пенчо Андреев (ООЦК Велес), Иван Ѓорѓиев (ООЦК Неготино), Емине Фетаи (ООЦК Чаир), Ина Поцевска (ООЦК Крива Паланка) и Нина Атанасовска (ООЦК Битола).

< врати се назад