декември 6, 2016

СЕМЕЈНАТА ХУМАНА ТРАДИЦИЈА ПРОДОЛЖУВА

Пред неполна недела општинската организација Центар ја посети г-ѓа Радка Јаневска, која се претстави како прва братучетка на Даре Џамбаз, поранешниот Претседател на Црвениот крст на Република Македонија и голем хуманист. Нејзината посета беше со цел продолжување на хуманата традиција во нивното семејство и особено го потенцираше тоа дека идејата за нивниот повторен контакт со Црвениот крст е потекната од нејзината сестра, г-ѓа Milka Boshnakoff, која најголемиот дел од својот живот го поминала во Австралија. Таа во Црвен крст на Република Македонија- општинска организација Центар донираше 300 австралиски долари со желба во спомен на прерано починатиот син истите да ги потрошиме за набавка на потребен медицински апарат за Детската клиника во Скопје.

По направените контакти со Детската клиника, ни беше посочено дека имаат потреба од аспиратор за оделот за неонатологија. Апаратот беше набавен и на 28.11.2016 година беше предаден на Детската клиника-Скопје.

Семејната хумана традиција продолжува!  

< врати се назад