декември 14, 2019

ОРАЛНО ЗДРАВЈЕ

 Оралните заболувања представуваат едни од најчестите незаразни заболувања, и имаат влијание врз квалитетот на животот предизвикувајќи, болка, дискомфор, и смрт. Според СЗО оралното здравје се дефинира како  “состојба на отсуство на хронична болка во устата и фацијална болка, карцином на устата и на грлото, орална инфекција и орални ранички, периодонтална болест, забен карис, загуба на заб и останати заболувања и нарушувања кои ја ограничуваат способноста за правилно гризење, џвакање, смеење, зборување и психосоцијалната благостојба на една индивидуа,,.

Ризик фактори кои доведуваат до појава на орални заболувања се : неправилна исхрана – прекумерна конзумација на шеќери, конзумација на алкохолни пијалоци, пушење на цигари, лоша и неправилна орална хигиена и неправилно користење на флуор профилакса.

< врати се назад