ноември 21, 2017

Отварање на нов објект во Тренинг центарот Солферино – Струга

Утре, на 22 Ноември во 12 часот ќе биде отворен нов објект во Тренинг центарот Солферино – Струга. На отварањето ќе присуствува генералниот секретар на Црвениот крст на РМ, г-дин Саит Саити како и други претставници од националната канцеларија на Црвениот крст на РМ и Црвениот крст на град Скопје. На настанот исто така ќе бидат присутни и претставници од Меѓународната Федерација на здруженијата на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Црвениот крст на Црна Гора, Бугарскиот Црвен крст, Црвен крст на Република Албанија, Црвениот крст на Босна и Херцеговина, понатаму претставници од Турската Црвена полумесечина и Германски Црвен крст.

< врати се назад