декември 23, 2016

ОТВОРЕН ПРВ ЦЕНТАР ЗА ПОДДРШКА НА ЛИЦАТА СО ОШТЕТЕН ВИД ВО РМ

На 21 декември 2016 година е отворен Првиот центар за поддршка на лицата со оштетен вид во Р.Македонија. Центарот за поддршка ќе ги поддржува лицата со оштетен вид и нивните семејства, со широк спектар на активности и работилници за здравствена превенција, образование, психо-социјална поддршка и информирање за правата на лицата со оштетен вид.

Центарот ќе служи како основен давател на социјални услуги во соработка со Националниот сојуз на слепи лица во Македонија, а ќе биде менаџиран од страна на Црвен крст на град Скопје. Услугите ќе им даваат можност на лицата со оштетен вид не само да станат свесни за своите права, но исто така да ги застапуваат истите со цел поголема вклученост во општеството и квалитетот на живеење. Центарот за поддршка на лицата со оштетен вид претставува нова компонента во рамките на проектот на УСАИД и ЛЦИФ за деца со пречки во видот имплементиран од страна на Факултетот ЈИЕ. Центарот е лоциран во просториите на Црвен крст на РМ (Бул.Кочо Рацин бр.13) со работно време од понеделник до петок од 09.00-17.00.

< врати се назад