декември 17, 2018

Перспективи во крводарувањето во РМ

Во рамки на првиот стручен симпозиум на тема „Перспективи во крводарувањето во РМ“, кој се одржа на 17 декември во просториите на Авицена- Скопје, свое излагање имаше и д-р Саит Саити генерален секретар на Црвен крст на Република Македонија.

Во излагањето пред присутните лекари, техничари и персонал кој е директно ангажиран на полето крводарителство од ИТМ, како и универзитетски професори од катедрата за Трансфузиологија при Медицинскиот факултет -Скопје, генералниот секретар се осврна на улогата на Црвениот крст на РМ во здравствениот систем на РМ со посебен осврт на крводарителството. Низ презентацијата, ги опфати здравствените програми кои се реализираат во организацијата, крводарителството од неговите почетоци како и законската рамка за организирање на истото. Дефинирана беше улогата на Црвениот крст на РМ во овој процес, како и резултатите, стратешките цели и предизвици за идни активности на ова поле.

Ваквиот вид претставување, нуди можност за зајакнување на меѓусебната соработка помеѓу двете институции, како и претставување на една од најсуштинските програми на Црвен крст на РМ- програмата крводарителство пред присутните.

< врати се назад