август 15, 2017

Поддршка од Силк Роуд Банка АД Скопје

Заедно со градот Скопје, продолжуваме да ја даваме поддршката на нашите граѓани за време на топлотниот бран. Од понеделник, 07 август мобилните екипите на Црвениот крст се на терен и секојдневно дистрибуираат по 500 шишиња вода, по потреба мерат притисок на лица кои ќе го побараат тоа и се врши транспорт доколку е потребно до најблиските медицински установи. 
Ова недела добивме поддршка и од Силк Роуд Банка АД Скопје која донираше 500 шишиња вода и истата веќе е поделена за граѓаните кои во среда имаа потреба да излегуваат од дома. Црвен крст апелира да се почитуваат препораките за време на топлотниот бран, како пиење поголемо количество на вода и намалено движење во најтоплиот период од денот.

< врати се назад