октомври 24, 2017

Посета на делегација на Бугарски Црвен крст во Црвен крст на Република Македонија

Во периодот од 23 до 25 Октомври, 2017 година во посета на Црвен крст на Република Македонија е делегација од Бугарски Црвен крст во состав: Академик д-р Христо Григоров, Претседател на Бугарски Црвен крст; Проф.д-р Красимир Гигов, Генерален директор на Бугарски Црвен крст; Преслава Лилова, Раководител на одделот за Меѓународна соработка на Бугарски Црвен крст и г-дин Калчо Хивов, надворешен соработник.

Делегацијата оствари посета во централната канцеларија на Црвениот крст на Република Македонија, каде што реализираше средба со генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија, д-р Саит Саити и претседателот на Црвениот крст на Република Македонија проф.д-р Ромел Велев.

На средбата се разменија досегашни искуства и практики во работењето на двете Национални друштва и се дискутираше за  предлог програмата за соработка помеѓу Црвениот крст на Република Македонија и Бугарскиот Црвен крст за 2018 година во делот на крводарителство, прва помош, катастрофи, издавачка дејност и информирање, младите и волонтерите, меѓународна соработка и подготовка на заеднички Европски проекти во различни програмски дејности и социјално хуманитарната дејност

Делегацијата ја продолжи својата посета во Црвениот крст на град Скопје, каде беа посетени и Дневниот центар за дарување на крв “Даре Џамбаз“, Дневниот центар за стари лица, пунктот за бездомници и логистичкиот центар на Црвениот крст на Република Македонија.

< врати се назад