март 7, 2019

Посета на обука на едукатори за превенција од трговија со луѓе на Црвен крст на Србија

Во хотел „Кристал“ – Златибор, Србија, во периодот 04-08,03,2019 година се одржа обука на врснички едукатори за превенција од трговија со луѓе за волонтери од 5 општински организации од Црвен крст на Србија. На покана на Црвениот крст на Србија делегација во состав Владимир Вукелиќ, Александра Валкановска и Диме Караташев, гостуваше на обуката каде го презентираше пристапот кој го применува Црвениот крст на Република Македонија во оваа програма. Посетата траеше во периодот 5-6,03,2019 година и за време на посетата делегацијата присуствуваше на тековните сесии, а по нивното завршување се одржа и состанок со координаторот на програмата за превенција од трговија со луѓе на Црвениот крст на Србија г-ѓа Јелена Анџелиќ. Споделени беа прирачници и алатки кои се користат во Националните друштва и разговарани беа можни идни размени на тренери и волонтери кои работат на оваа тема. Од страна на членовите на делегацијата на ЦКРМ и од страна на домаќинот беа изразени силни задоволства од посетата и двете национални друштва изразија намера за идна поинтензивна соработка и можни заеднички активности на тема превенција од трговијата со луѓе.

< врати се назад