јули 11, 2017

Позитивен пример 2

Моето име е Селма Авди и имам 23 години. Со семејството се доселив во Скопје во 2000 година, заради конфликтот во Косово. Во тоа време, неизвесност и несигурност беа насекаде околу нас. За среќа, станавме дел од програма на Црвен крст на град Скопје поддржана од страна на УНХЦР и бев дел од Едукативниот центар во склоп на Центарот за поддршка во образованието и заедницата на бегалците во Шуто Оризари-Скопје. За цело време добивав стипендија за моето школување за основно и средно медицинско образование што беше поддршка и мотивација за мене.

Во Центарот имав можност првин да учам а потоа да волонтирам и да бидам позитивен пример за другите деца од мојата заедница. Им помагав на вработените во Црвениот крст при реализација на рекреативни и едукативни екскурзии. Неколку пати бев прогласена за еден од најдобрите ученици во мојата заедница и Црвениот крст ми овозможуваше бесплатни летни одмори. Сето тоа ме поттикнуваше и ме мотивираше да продолжам понатака со мојата едукација и школување. Се здобив и со основна лиценца за работа во фармацевтска куќа. Денеска работам во една од аптеките во Скопје и сум горда на својата приказна и се надевам дека и другите деца ќе го следат мојот пример.

< врати се назад