јуни 28, 2017

Позитивен пример

Стојче Тоциновски, академски ликовен уметник, но и волонтер во Црвениот крст на град Скопје. Тој е дел од нашиот тим од 2013 година и својот допринос за заедницата го дава преку Дневниот центар за лица во трето доба каде држи ликовни часови за лицата во трето доба. Секој четврток од 10.00 до 12.00 часот ја пренесува уметноста и знаењата кои тој ги поседува. Десетина ученици со негова поддршка творат уметнички дела за кои неколку пати сме организирале и продажни изложби, од кои собраните средства се наменуваат за социјално ранливи категории на лица во трето доба. Стојче смета дека е важно лицата од трето доба да творат, да работат нешто што отсекогаш сакале да го прават, а не можеле, да бидат активни и по пензионирањето и да даваат допринос за својата заедница. Тој сака да волонтира, сака да помага и сака да го пренесува знаењето кое го има. Смета дека расте како човек, дека станува поголем и дека гради повреден систем на вредности. Вели дека секој треба да волонтира, дека треба безрезервно да се вложуваме во работите кои ги сакаме и на тој начин ќе бидеме посреќни како луѓе.

< врати се назад