октомври 13, 2017

Преку култура до соживот

Во склоп на активностите на проектот „Преку култура до соживот“, Општинска организација на Црвен крст Центар продолжува со спроведување на работилниците за промоција на култура и меѓусебно разбирање. До сега беа реализирани работилници во 3 области, кои се одржаа во просториите на ДХО „Даре Џамбаз“ и Канцеларијата за млади на општина Центар, а беа проследени од страна на вкупно 20 млади од 14 до 24 години од Клубот на млади на Црвен крст на РМ – Општинска организација Центар, Центарот за поддршка на лица со оштетен вид на Црвен крст на град Скопје и Здружението за лица со телесен хендикеп „Мобилност“ – Скопје. На 30.09 и 01.10.2017 г младите проследија работилница за комуникациски вештини, тимска работа и меѓусебно разбирање, во периодот од 01.10 до 07.10.2017 г. учествуваа на работилница за фотографија, додека во периодот од 07.10 до 14.10.2017 г се реализираше и креативна уметничка работилница.

По реализацијата на работилниците, на 20.10.2017 година во Канцеларијата за млади на општина Центар ќе се прикажат делата на младите што учествуваа во проектот и резултатите од истиот.

< врати се назад