ноември 20, 2019

„Превенција од трговија со луѓе“

Црвениот крст на Република Северна Македонија како сериозен партнер на државата во реализација на превентивните активности за борба против трговија со луѓе обезбеди проектна поддршка  од Владата на Република Северна Македонија за надградба на капацитетите на националното друштво и подигање на свеста на младата популација за заштита од трговија со луѓе.  

Црвениот крст на РСМ  во рамките на Проектот: „Борба против трговија со луѓе“ на 19 ноември 2019 година во Битола, одржа инструктивна работилница со секретарите и координаторите на овој проект,  кој ќе се имплементира преку општинските организации на Црвен крст Битола, Прилеп, Ресен, Кочани,  Кичево и Куманово. Целта на работилницата беше да се претстават проектните содржини кои согласно планот за акција ќе се имплементираат заклучно со јуни 2020 година, како и беа презентирани позитивни  практики од досегашни имплементирани превентивни активности.

За зајакнување на капацитетите на младите волонтери на Црвениот крст предвидени се две обуки за врсничка едукација, кои пак стекнатите знаења, преку превентивни лекции ќе ги пренесат на нивни врсници во основни и средни училишта во Битола, Прилеп, Ресен, Кочани,  Кичево и Куманово со цел  подигање на свеста на младите за заштита од трговијата со луѓе.

< врати се назад