ноември 27, 2019

Пристигна хуманитарна помош во Драч

Црвениот крст на Република Северна Македонија Ве информира дека на 26.11.2019 година ја испрати првата хуманитарна помош во материјални добра во вредност од 20.000 евра и 10.000 евра парични средства и истата е веќе пристигната во раните утрински часови во градот Драч. 

Со хуманитарната помош пристигнаа и тимовите за одговор при катастрофи од Црвениот крст на РСМ за помош и поддршка на Албанскиот Црвен крст во справување со последиците од земјотресот.

Црвениот крст продолжува да ги следи и реализира активностите и ги информира сите заинтересирани граѓани и компании дека канцелариите на Општинските организации на Црвениот крст низ цела држава се отворени за соработка во период од 08-16 часот.

Националното друштво смета дека треба да имаме координирана соработка со цел најсоодветно да одговориме на потребите и приоритетите на граѓаните на Драч.

Воедно потсетуваме дека на располагање се и телефонските броеви за донации  за корисниците на Македонски Телеком  143 400 и за  корисниците на А1 Македонија 143 400 каде може со еден повик од било кој оператор да донирате 100 денари.

Заинтересирани лица и компании може да донираат и преку жиро сметката на фондот за солидарност 300000001327966.

За граѓани од други земји може да донираат преку:

NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIA

BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, NORTH MACEDONIA

BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11

SWIFT CODE: KOBSMK2X

IBAN CODE: MK07300701000001228

< врати се назад