октомври 25, 2017

Проширување на меморандумот за соработка помеѓу Бугарски Црвен крст и Црвен крст на Република Македонија

Денес, на 25 Октомври 2017 година, претседателот на Бугарскиот Црвен крст, Академик д-р Христо Григоров и претседателот на Црвениот крст на Република Македонија, проф.д-р Ромел Велев го проширија меморандумот за соработка помеѓу двете национални друштва за 2018 година со што уште еднаш се потврдува и зацрвстува соработката помеѓу Црвениот крст на Република Македонија и Бугарскиот Црвен крст.

Меморандумот за соработка ја дефинира соработката помеѓу двете национални друштва во сферата на организацискиот развој, меѓународната соработка на националното друштво на локално и национално ниво, спасување во планина и безбедност на вода, подготвеност и дејствување при катастрофи, прва помош и крводарителство, социјално хуманитарни активности и активности на младите и волонтерите.

 

< врати се назад