октомври 4, 2018

Пункт за бездомници

Пунктот за бездомници на Црвен крст на град Скопје кој се наоѓа на територија на општина Карпош, беше посетен од страна на градоначалникот на општина Карпош, г. Стефан Богоев.

Градоначалникот беше запознаен со активностите и услугите кои ги нуди пунктот за оваа ранлива категорија лица. Во тек на посетата, градоначалникот донираше конзервирана храна и напитоци, но и се договори поддршка за во иднина, во делот на санација на покрив на објектот. .
Пунктот за бездомници во изминатите години добива континуирана поддршка од градот Скопје, голем број на компании како и од хумани граѓани.

< врати се назад