септември 6, 2018

Работилница за заштита и самозаштита во случај на катастрофи

Црвен крст на Република Македонија во соработка со Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Центар и Клуб на млади организираше работилница за заштита и самозаштита во случај на катастрофи наменета за децата од градинката Раде Јовчевски Корчагин – објект Пинокио во општина Центар.

На обуката преку интерактивни вежби, приказни и дружба се работеше на заштита во случај на земјотрес, евакуација, значењето на првата помош и промоција на хигиена.

Активностите се дел од проектот: Намалување на ризици од катастрофи во образовни институции ( градинки и основни училишта ) во Куманово, Гевгелија и Скопје поддржан од УНИЦЕФ.

< врати се назад