декември 18, 2017

Реализирана работилница со претставник од Министерство за труд и социјална политика за лобирање за решавање на потребите на лицата со оштетен вид

На 13.12.2017 реализирана е неколку часовна работилница со претставник од Министерството за труд и социјална политика, Извршниот одбор на Националниот Сојуз на Слепите на РМ, лица со оштетен вид и родители на лица со оштетен вид корисници на Центарот за поддршка на лица со оштетен вид. Работилницата се одржа во просториите на Црвен крст на Република Македонија. 35 корисници имаа можност да добијат непосредни информации за програмата на МТСП и измените на законот за лицата со оштетен вид. Програмата и измените на законот на МТСП ја презентираше г-динот Душан Томшиќ.

Воедно, во вториот дел на работилницата се поведе дискусија за неостварените права на лицата со оштетен вид, проблемите со кои се соочуваат од аспект на секојдневно живеење и фунцкионирање и неопходната адаптација на општественото фунцкионирање на потребите на лицата со оштетен вид, со цел да им бидат обезбедени основните права на слободно живеење и функционирање во заедницата. На самата работилница претставникот од МТСП имаше можност директно да ги слушне и мислењата на родителите на лица со оштетен вид и проблемите со кои тие се соочуваат како родители на деца со оштетен вид во нашата заедница.

Оваа работилница е првата од петте модули предвидени да се реализираат во наредните неколку месеци за личен раст и развој на лицата со оштетен вид и за лобирање за остварување на прават на лицата со оштетен вид.

Центарот за поддршка на лица со оштетен вид  при Црвен крст на град Скопје  се реализира во рамките на проектот на УСАИД и ЛЦИФ за деца со пречки во видот.

< врати се назад