октомври 17, 2016

РЕГИОНАЛНА РАБОТИЛНИЦА ЗА ДОБРОВОЛНО КРВОДАРИТЕЛСТВО И КЛУБ 25 ВО БЕРАТ – РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА

Во октомври 2016 година  се одржа Регионална работилница за крводарителство во Берат – Република Албанија под мотото “Заедно можеме да реализираме 100 % доброволно крводарителство”. Учесници на оваа меѓународна  работилница за крводарителство беа претставници на Црвениот крст на Албанија, Италија, Македонија и Косово. Преку презентации беа претставени активностите во дејноста крводарителство и на Клубовите 25.

На работилницата со свои презентации учествуваа претставниците на Црвениот крст на Република Македонија: Глигор Новачевски – одговорно лице за крводарителство во Црвениот крст на Република Македонија, Александра Валкановска – координатор за крводарителство во Црвениот крст на град Скопје, Горан Велковски и Аделиса Чатовиќ членови на Клуб 25. Учесниците на работилницата покажаа голема мотивираност за работа и активно учество на работилницата, голем интерес за презентираните теми, активно споделување на позитивни искуства, примери и научени лекции. Посебна придобивка на работилницата беше можноста за размена на искуства со претседателот на Црвен крст на Регионот Умбриа од Италија г-дин Паоло Скура, кој ги пренесе позитивните искуства на Црвен крст на Италија за доброволно крводарителство и соработката со нивната конкуренција од другите здруженија на граѓани (АВИС, ФИДЕС и ФРАТЕС).

 

< врати се назад