февруари 15, 2018

Секогаш за секого

На 14 февруари силните снежни врнежи ги зафати западните делови на државата ,а најпогодени се најдоа подрачјата што ги покрива Црвен крст на Република Македонија – Општинската организација Гостивар со свои активности  пред се населените места во Општина Маврово Ростуше и Општина  Врапчиште каде дојде и до прекин на снабдувањето со Електрична енергија на повеќе населени места во двете Општини,а исто така и поради високите снежни врнежи и до блокирање на патните правци кон повеќе села од Горно и долно Реќанскиот крај и некои планински села во Општината Врапчиште.

Општинската организација Гостивар со свои екипи излезе на терен кон погодените подрачја и направи брза проценка каде исто така се направи посета на три планински села во кои живеат стари и изнемоштени лица и подели хуманитарна помош. 

< врати се назад