август 15, 2017

Шумски пожари на територија на општина Крива Паланка

Тимот за одговор при катастрофи на Црвен крст на Република Македонија -Општинската организација Крива Паланка, на барање на командирот на Територијалната противпожарна единица на Крива Паланка излезе во пресрет и логистичка поддршка на 2 локации зафатени со шумски пожар. Тимот за одговор при катастрофи пружи активна логистичка поддршка во гаснењето на пожарите заедно со Територијалната противпожарна единица и вработени во Македонски шуми во вид на вода за пиење и храна на две локации во градот, с.Тлминци и с.Длабочица.

 

< врати се назад