август 29, 2016

Соопштение за помош на настраданото население од поплавите-11 август

Во текот на изминатите 5 дена, тимовите на Црвениот крст на РМ се вклучија во помош и поддршка на жителите и беа дистрибуирани 11.081 пакети со храна (еден пакет е наменет за 4 лица), 3.127 лит. млеко, 3.930 лит. Јогурт, 1.039 пакети со хигиена, 82,5 тони вода, 350 пелени, 424 душеци, 1240 кебиња, 598 кг облека, 226 парчиња чизми, 240 лит дезинтал. Укажани се  70 асистенции по прва помош од страна на екипите на Црвениот крст и реализирани се 4 медицинки транспорти.

Во целата операција вклучени се 110 лица (волонтери и стручна служба на Црвениот крст), 7 мобилни тимови за прва медицинска помош и активиран е целокупниот логистички потенцијал на Црвениот крст на РМ.

Согласно информациите добиени од терен Црвениот крст на РМ апелира да се донираат следниве артикли: конзервирана храна, бебешка храна и пелени, средства за хигиена, средства за дезинфекција, лопати, гумени чизми, кофи, гумени ракавици и батериски лампи.

Помошта може да се предаде во магацините на Црвениот крст на РМ во Момин Поток и во ОУ “Наум Наумовски Борче”- Скопје од 08,00 до 18,00 часот (телефон за контакт: 3 096 227).

Заинтересираните правни субјекти и граѓани дополнително можат да се вклучат и со обезбедување на парична помош:
– Жиро сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка

До сега се собрани 16.956.072 денари на сметката на Фондот на солидарност.

 

– Донирање на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400

До сега се собрани 9.348.000 денари со повик на телефоните.

Донација на средства во странска валута:

NAME OF THE ORGANIZATION: MACEDONIAN RED CROSS
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228

Апелираме во активностите за донирање на хуманитарна помош да се следат инструкциите на надлежните институции и Црвениот крст на РМ, со цел поефектно справување со последиците од природната катастрофа.

< врати се назад