август 29, 2016

Соопштение за помош на настраданото население од поплавите-12 август

Во текот на изминатите неколку дена, тимовите на Црвениот крст на РМ се вклучија во помош и поддршка на жителите погодени од природни катастофи и беа дистрибуирани 14.080 пакети со храна (еден пакет е наменет за 4 лица), 12.000 дневни оброци, 5.600 топли оброци, 3.369 лит. млеко, 4.172 лит. Јогурт, 1.343 пакети со хигиена, 95,5 тони вода, 405 пакети пелени, 496 душеци, 1758 кебиња, 600 кг облека, 286 парчиња чизми, 252 лит дезинтал. Укажани се  83 асистенции по прва помош од страна на екипите на Црвениот крст и реализирани се 4 медицинки транспорти.

13924855_1630294967280657_690983880217810816_n

Во целата операција вклучени се 110 лица (волонтери и стручна служба на Црвениот крст), 7 мобилни тимови за прва медицинска помош и активиран е целокупниот логистички потенцијал на Црвениот крст на РМ.

Екипите на Црвениот крст во текот на денешниот ден доставија камион со помош во храна и хигиена за поплавените во Тетовскиот регион, во селата Шипковица и Бродец.

Од денеска Црвениот крст започнаа и со активности во трите прифатни центи Ранка Милановиќ, Сениќ и Партение Зографски каде се сместени 150 лица со дистрибуција на дополнителна хуманитарна помош, терапија со лекови за хронично болните и витаминска терапија за најранливите.

13962771_1630294943947326_8738439834872705604_n

Согласно информациите добиени од терен Црвениот крст на РМ апелира да се донираат следниве артикли: конзервирана храна, бебешка храна и пелени, средства за хигиена, средства за дезинфекција, лопати, гумени чизми, кофи, гумени ракавици и пешкири. Помошта може да се предаде во магацините на Црвениот крст на РМ во Момин Поток и во ОУ “Наум Наумовски Борче”- Скопје од 08,00 до 18,00 часот (телефон за контакт: 3 096 227).

Заинтересираните правни субјекти и граѓани дополнително можат да се вклучат и со обезбедување на парична помош:
– Жиро сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка

До сега се собрани 20.987.497 денари на сметката на Фондот на солидарност.

 

– Донирање на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400

До сега се собрани 12.636.000 денари со повик на телефоните.

Донација на средства во странска валута:

NAME OF THE ORGANIZATION: MACEDONIAN RED CROSS
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228

Апелираме во активностите за донирање на хуманитарна помош да се следат инструкциите на надлежните институции и Црвениот крст на РМ, со цел поефектно справување со последиците од природната катастрофа.

< врати се назад