октомври 6, 2017

Средба со Аташе за Македонија од Австриското Министерство за труд, социјални работи и заштита на потрошувачи

Со цел да се оствари соработка помеѓу Црвениот крст на Република Македонија и Австриското Министерство за труд, социјални работи и заштита на потрошувачи на 5ти октомври во просториите на Црвениот крст на Република Македонија се оствари средба помеѓу г-дин Харалд Фугер, Аташе за Македонија и генералниот секретар г-дин Саит Саити. На средбата беа презентирани активностите на Црвениот крст во областа на социјално – хуманитарна дејност и беа разменети позитивни искуства. Меѓу другото беа предложени иницијативи за соработка и поддршка во насока на обезбедување на едукација за јакнење на капацитетите на човечките ресурси во Црвениот крст, размена на искуства, со акцент на развој на сервиси за стари лица, како и заедничко аплицирање во Европски и други фондови.

< врати се назад