Стани Член

Стани член

Член на Црвениот крст на РСМ е лице кое е активно вклучено во работата на Црвениот крст на РСМ, го поддржува, и придонесува за развојот на Црвениот крст на РСМ, може да бира и да биде биран во органите и телата на Црвениот крст на РСМ и плаќа годишна членарина.

Членот има обврски да ги почитува и дисеминира основните принципи, да ја унапредува и активно да учествува во работата на   Црвениот крст на РСМ, да го  прифати и почитува Статутот на организацијата , да го почитува и заштитува амблемот на Црвениот крст на РСМ, да плаќа годишна членарина, да  учествува во работата на националното друштво да бира и биде биран во органите и телата на националното друштво, да се оспособува за извршување на конкретни задачи на националното друштво, да доставува предлози и прашања и да иницира теми за расправа до структурите  во Националното друштво, да биде вреднуван и признат неговиот придонес, со награди, признанија и личен развој.

Стани поддржувач

Поддржувач е лице кое не е активно вклучено во работата на Црвениот крст на РСМ, а со плаќање на членарина или на друг начин го потпомога и поддржува националното друштво и има право периодично да бидe известен за сите аспекти од работата на нционалното друштво, и не може да бира и да биде биран во органите и телата на Црвениот крст на РСМ, се додека активно не се вклучи во работата на Црвениот крст на РСМ.

Како да станеш член на Црвениот Крст на Република Македонија

< врати се назад