декември 23, 2016

“ Староста – привилегија или дискриминација ”

Црвен крст на Република Макеоднија –Општиска организација Крива Паланка на 16 декември 2016 година организираше трибина за старите лица на тема                        “Староста – привилегија или дискриминација ”. Истакнувајќи ја важноста на старите лица во општеството, предизвикот на староста и потешкотиите со кои се соочуваат, Црвениот крст  во текот на целата година организира низа активности поврзани со старите лица, со грижата за нив  и подобрувањето на квалитетот на живот.

На трибината поразговаравме со старите лица од општината дали староста навистина е привилегија или подлежи на некои предрасуди и стереотипи. Се согласивме дека не е точно оти старите ги исцрпеле своите можности, напротив, тие сега имаат повеќе време да го пренесат знаењето, искуството, креативноста и вештините кои ги поседуваат. Старите луѓе се богатство, трезор кој треба да биде искористен, оргомен потенцијал кој и нас не исполнува со елан и енергија да ја почуствуваме смислата на нашето работење и да продолжиме со нови предизвици и реализирање на активности.

“ Староста – привилегија или дискриминација ”е дел од завршните активности од иницијативата ,, Зајакнување на индивидуалните капацитети на старите лица ,, , финансиски подржана од Австриски Црвен крст преку Црвен крст на Република Македонија во рамките на проектот Грижа на стари лица во домашни услови.

< врати се назад