март 27, 2017

Студиска посета на Белград и Нови Сад

Во периодот од 24 до 25 март 2017 делегација на Црвениот крст на Македонија предводена од претседателот д-р. Милчо Трајков и генералниот секретар др.Саит Саити  оствари работна посета на Црвениот крст на Србија. Делегацијата во чиј состав беа и дел од претставниците на раководниот одбор на националното друштво ја посети централната канцеларија на Црвениот крст на Србија во Белград каде беше примена од претседателот проф.др. Драган Радовановиќ и генералниот секретар на Црвен крст на Србија г.ѓа Весна Миленовиќ. Во разговорите беа разменети искуства од работата на двете национални друштва. Делегацијата исто така ја посети и градската организација на Црвен крст Нови Сад  каде беше примена од претседателот на организацијата, полковник др Братољуб Бркљача и секретарот г.дин Драган Лазич. Тие ја претставија  работата на Црвениот крст на Нови Сад која е една од најдобрите организации во рамките на Црвениот крст на Србија. Посетата беше реализирана со цел да се продлабочи партнерската соработка и да се разменат добри практики и да се споделат искуства во однос на различните предизвици со кои се соочуваат двете национални друштва.

< врати се назад