јули 6, 2018

Свечано доделување на сертификати за негователи за стари и немоќни лица

На 04.07.2018 во просториите на Порта Македонија, Црвениот крст на град Скопје свечено ги додели сертификатите на 16 кандидати  кои успешно ја завршија обуката за негуватели на стари и немоќни лица. На настанот присуствуваа поддржувачи, негуватели, соработници, колеги и пријатели, како и претставници на донаторите од Црквата на Исус Христос и светците од подоцнежните дни. На настанот беа пренесени искуствата и динамиката на обуката преку три прекрасни говори на нашите негувателки, а воедно беа соопштени и имињата на шест негуватели кои ќе имаат прилика да го надоградат своето знаење во Баваркиот Црвен крст во Нимберг, во септември.

Оваа програма е поддржана од Шпаркасе банка, Швајцарски ЦК и Црквата на Исус Христос и светците од подоцнежните дни.

Во текот на летниот период сите 16 негуватели ќе реализираат пилот теренски посети кај корисници на кои им е потребна нега и грижа во домашни услови.

< врати се назад