октомври 13, 2017

Светски ден на здрава храна

Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Центар во соработка со трите градинки на територија на општина Центар и Општината Центар на 10.10.2017 година го одбележа „Светскиот ден за здрава храна“. Настанот беше организиран во ЈУДГ „Кочо Рацин“ и на истиот имаше најразлични изведби од страна на децата кои промовираа здрава храна и здрав начин на живот, се изработуваа и салати во чија изработка помагаа волонтерите на Општинска Организација на Црвен крст – Центар, а покрај тоа волонтерите на Црвениот крст одржаа кратка едукација за тоа како и кога треба да одржуваме хигиена и како треба да ја чистиме храната пред јадење. На самиот крај на настанот, градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, подели пакети со храна и благодарници на сите партиципиенти и организатори на активноста.

< врати се назад