септември 13, 2018

Светски ден по Прва помош

По повод Светскиот ден по Прва помош (8 септември) Црвен крст на град Скопје организираше симулациска показна вежба-сообраќајна несреќа.  Вежбата се реализираше на 11 септември 2018 (вторник) во 12:00 часот во централното градско подрачје ( на Рекорд ). Истата се организираше во соработка со МВР – СВР Скопје, а учество земаа сите Општински организации на ниво на град Скопје, стручната служба на Црвен крст на град Скопје, 30 волонтери од Тимот за одговор при катастрофи како и Мобилни тимови на Црвен крст.  Се симулираше сообраќајна несреќа, во која учествуваа две возила и велосипед и во која 6 лица беа повредени.

Преку Светскиот ден за Прва помош сакаме :

  • да ја  подигнеме јавната свест за сообраќајните несреќи и повреди ;
  • да ги охрабриме луѓето од сите возрасти да научат прва помош за да имаат вештини и самодоверба за да ги препознаат и соодветно да реагираат при итните ситуации во случај на сообраќајна несреќа;
  • лобирање кај надлежните институции за почитување на законската рамка за обуките по прва помош за лица кои сакаат да се стекнат со возачка дозвола;
  •  

< врати се назад