јуни 14, 2017

„Трчаме заедно“

Правилниот физички развој на децата е многу важен за нивното здравје и добра состојба! Со цел ширење на таа порака волонтерите од Клубот на млади на општинската организација Центар на 10 јуни учествуваа во трката „Трчаме заедно“ организирана од Центарот за социјални иницијативи „Надеж“ за прв пат во Шуто Оризари ги споидецата, учениците, студентите, компаниите, претставниците на институции и организации кои трчаа за да покажат дека физичката активност е важна за детскиот развој.

Соработката и поддршката помеѓу двете организации, Црвен крст на РМ – Општинска организација Центар и ЦСИ „Надеж“, веќе повеќе години наназад е присутна и насочена кон помош и подобрување на состојбата на маргинализираните групи во нашето општество.

< врати се назад