март 27, 2018

Тренинг за подготвеност и дејствување при катастрофи

Од 22 до 24.03.2018 во Тренинг центарот “Солферино”, Струга, се одржа тренинг за подготвеност и дејствување во случај на катастрофи за 25 волонтери и претставници на стручна служба на Општински организации на Црвен крст на Република Македонија и Црвен крст на град Скопје, во склоп на проектот “Намалување на ризици од катастрофи” поддржан од Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина.

На тренингот за подготвеност и дејствување во случај на катастрофи, преку интерактивни вежби, предавања а и размена на искуства се работеа следните теми: Улогата на Црвен крст во системот за управување со катастрофи во Република Македонија, Безбедност и ризици на терен, Брза теренска проценка, СФЕРА Стандарди, Комуникација и координација за време на кризни состојби како и мониторинг и евалуација на хуманитарни операции. Во склоп на тренингот беше направена 1 практична вежба, Студија на случај “Поплави на територија на Република Македонија” на која се анализираа податоци од добиената проценка и ситуација на терен, се подготвуваше план за акција како и подготовка на информации за настанатата катастрофа.

Тренингот беше спроведен од страна на инструктори за подготвеност и дејствување при катастрофи на Црвен крст на Република Македонија според методологија на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина за обука на тимови за одговор при катастрофи.

< врати се назад