април 3, 2017

ТРЕНИНГ ЗА ТРЕНЕРИ ЗА ПСИХОСОЦИЈАЛНА ПОДДРШКА ВО КРИЗНИ СИТУАЦИИ

Црвениот крст на Р Македонија во соработка со Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина во периодот од 29.03-02.04.2017 година во тренинг центарот Солферино во Струга, во рамки на проектот за Психолошка прва помош во кризни ситуации и катастрофи, реализираше тренинг за тренери за Психосоцијална подршка во кризни ситуации. Тренингот имаше за цел обука на  нови волонтери за тренери за Психосоцијална подршка кои би се вклучиле во идните активности  на Црвениот крст на Р Македонија

Со овој тренинг Црвениот крст на Р.Македонија имаше за цел да ги зајакне капацитетите на националното друштво во областа на Психо-социјалната и првата психолошка помош за адекватен одговор на потребите при идни кризни состојби или катастрофи.

Учесниците на оваа обука кои беа волонтери од Црвениот крст и претставници на Комората на психолози имаа можност да се запознаат поблиску со активностите кои Црвениот крст на Р.Македонија ги реализира во услови на катастрофи и кризни ситуации, како и со основните во укажувањето на психосоцијална поддршка во различни кризни ситуации и за различни вулнерабилни групи, креирање на интервенции за психосоцијална поддршка во заедниците, комуникациски и презентерски вештини.

< врати се назад