октомври 10, 2017

Учество на генерално собрание на Норвешки Црвен крст

Во периодот од 06 до 07 двочлена делегација на Црвен крст на Република Македонија, во состав Сашо Талески, раководител на сектор за програми на ЦКРМ и Сузана Тунева Пауновска, секретар  на Црвен крст на град Скопје, присуствуваше на генералното собрание на Норвешки Црвен крст кое се одржа во Хаугесунд, Норвешка. Во текот на престојот делегацијата оствари работна средба со претседателот на Норвешки Црвен крст, Свен Молеклеив  и раководителот на меѓународниот оддел, Торис Јаегер. Во разговорите стана збор за постојната соработка помеѓу двете национални друштва особено во доменот на мобилизирање на фондови и миграции. Домаќин на нашата делегација беше регионалната канцеларија на Црвен крст Телемарк од Норвешкиот Црвен крст која е збратимена организација со Црвен крст на град Скопје. Во разговорите со претставниците од Телемарк се дискутираа реализираните активности од првата година на соработка и планот за акција за претстојниот тригодишен период. На генералното собрание свое обраќање имаше и Црвениот крст на Република Македонија во кое беше истакната одличната соработка и поддршката која ја обезбедува Норвешкиот Црвен крст за нашето национално друштво во изминатите години, позитивните искуства од воспоставената соработка помеѓу двете национални друштва на општинско ниво како и прашањето на миграциите и искуствата на Црвениот крст на Република Македонија на ова поле во периодот на војните во поранешна Југославија и миграцискиот бран кој му се случи на регионот во последните три години.

< врати се назад