септември 25, 2017

Учество на претставник на Црвен крст на Македонија на состанокот на мрежата за Прва помош во Црна Гора

Од 21-ви до 23-ти Сптември,Црвениот крст на Црна Гора во Домот на Солидарност во Сутоморе беше домаќин на големиот меѓународен собир посветен на првата помош FAEEN 2017 (First Aid Education European Network).

На собирот учествуваа околу 70 учесници од преку 30 земји од Европа, меѓу кои и претставник од Црвен крст на Р Македонија како и претставници на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена Полумесечина, Меѓународниот комитет и претставник на Министерството за здравство од Норвешка.

Состаноците на мрежата која се занимава со едукација во областа на првата помош се одржуваат еднаш годишно. Во текот на овие три дена претставниците на мрежата имаа можност да рагледаат актуелни прашања поврзани со првата помош –нови достигнувања во оваа област, усогласување на насоките во однос на едукацијата, нови иновации, како и да се запознаат со нови проекти, добри практики и  искуства презентирани од претставниците на различни земји.

На состанокот присуствуваа и претставници од компаниите Laerdal, Zoll и Cardiac Science кои имаа можност на учесниците да им презентираат  дел од нивните нови производи за реализација на практичните обуки за прва помош како: автоматски надворешни дефибрилатори, фантом кукли итн.

< врати се назад