мај 31, 2018

Учество на Работилница за подготовка на Акциски план за минимален пакет за услуги за сексуално и репродуктивно здравје во услови на кризни и вонредни состојби за 2018 – МИСП

Во периодот од 28 до 29 мај во Комплекс Етно Село „Тимчевски“во рамки на  Меморандумот за соработка меѓу Министерството за здравство и УНФПА за унапредување на пристапот за социјални услуги за ранливите групи на граѓани беше организирана работилница на тема “Подготовка на Акциски план за минимален пакет за услуги за сексуално и репродуктивно здравје во услови на кризни и вонредни состојби за 2018 –  МИСП“.

На работилницата беа поканети претставници од државните институции, меѓународни организации и здруженија на граѓани и Црвен крст на Р Македонија  кои во изминатите 4 години континуирано работеа на развивање на државни механизми за унапредување на сексуалното и репродуктивно здравје во рамки на плановите за справување со кризни состојби.

Учесниците на работилницата се запознаа  со  резултатите од имплементација на акциониот план за сексуално и репродуктивно здравје (СРЗ) во кризни состојби од 2017 година и со заедничко учество на сите учесници се подготви нов акционен план за минимален пакет на услуги за сексуално и репродуктивно здравје (СРЗ) во кризни состојби за период јуни 2018 – мај 2019 година.

< врати се назад