октомври 24, 2018

Уште еден голем успех на БОБ Црвен крст Охрид

Сите 57 учесници на VI-от Национален Бреинобреин натпревар што се одржа на 21 октомври (недела) во Скопје во конкуренција од 336 натпреварувачи од  19 центри во Македонија, се закитија со одличја, од кои 32 трофеи, 14 златни медаљи и 11 сребрени медаљи, со што уште еднаш се потврди дека Центарот за развивање на животни вештини БОБ- Црвен крст Oхрид е најуспешен во Македонија.

Дополнително на тоа е и што најдобриот резултат на овој натпревар го постигна ученик од охридскиот центар.

< врати се назад